СВЕТИ НИКОЛА БОЛНИЧКИ

СВЕТИ НИКОЛА БОЛНИЧКИ“ – главна црква на болничката енорија во близина на средновековната Долна Порта во Охрид. Изградена е и живописана меѓу 1330–1340 г. Живописот во црквата е целосно зачуван и по својата програмска концепција и по групирањето на претставите Црквата „Св. Никола Болнички“, Охрид (ⅩⅣ в.) на св. Никола, патронот на црквата, св. Климент придружуван од светите врачи Кузман и Дамјан, а понекогаш и св. Наум на јужниот ѕид, како и сликањето на Деизисот и светите воини на спротивниот, северен ѕид, станува парадигма за повеќето мали еднокорабни цркви и параклиси од ⅩⅣ век. Јужната фасада е живописана околу 1345 г. како ктиторство на архиепископот Никола, каде што тој е насликан заедно со св. Трифун и св. Никола, српските современи владетели Стефан Душан со неговата жена Елена, синот Урош, како и нивните предци св. Сава и св. Симеон Немања. Кон средината на ⅩⅤ век, од јужната страна на црквата е доградена мала капела, што се смета ктиторство на Марко Ксилокаравис, охридски архиепископ и поранешен цариградски патријарх, од првите години по падот на Цариград. Првобитниот живопис на капелата е зачуван во апсидата и на источниот ѕид, додека на северниот ѕид фреските од овој слој биле видливи до триесеттите години на ⅩⅩ век. Во 1480/1 г. и западната фасада на црквата е живописана со интересна програма што содржи по неколку сцени посветени на Христос, Богородица и св. Никола. ЛИТ.: Франце Месеснел, Средњовековни споменици у Охриду, И, Црква Св. Николе Болничког и њене фреске, ГСНД, ⅩⅠⅠ, Скопље, 1933, 157–177; Коста Балабанов, Нови податоци за црквата Никола Болнички во Охрид, „Културно наследство“, Ⅱ, Скопје, 1961, 33–35; Цветан Грозданов, Охридското ѕидно сликарство од ⅩⅣ век, Охрид, 1980, 37–45; Гојко Суботиќ, Охридската сликарска школа од ⅩⅤ век, Охрид, 1980, 104–114. С. Ц. Чифт наушници, „Св. Никола“, Варош (ⅩⅤⅠ-ⅩⅤⅠⅠ в.)