„СВЕТИ ДИМИТРИЈ“

„СВЕТИ ДИМИТРИЈ“ – мала, еднокорабна црква во с. Жван, северозападно од Демир Хисар. Според ктиторскиот натпис, подигната и живописана е во 1634 г. Сликарството е дело на линотопските мајстори, чиј супремат бил особено силен во втората и третата деценија на ⅩⅤⅠⅠ в., во централниот дел на Балканот. Се издвојуваат ликот на локалниот новомаченик св. Ѓорѓи Нови Кратовски во допојасје и ретката иконографска претстава на св. Димитриј, со сокол во раката, во нишата над влезот.
ЛИТ.: М. ›орови¢–Љубинкови¢, Две цркве ⅩⅤⅠⅠ-ог века у Крушевском срезу, „Гласник Скопског научног друштва“, ⅩⅩⅠ, Скопље, 1940, 159–160; А. Николовски, Д. Цорнаков, К. Балабанов, Тхе Цултурал Монументс оф тхе Пеоплежс Републиц оф Мацедониа, Скопје, 1961, 87; К. Балабанов, А. Николовски, Д. ќорнаков, Споменици на културата на Македонија, Скопје, 1980, 193; М. М. Машниќ, Црквата Свети Димитрија во Жван и нејзиното место во сликарството на доцниот среден век, „Културно наследство“, 19–20–21/1992–93–94, Скопје, 1996, 193–208. М. М.