„СВЕТИ АРХАНГЕЛИ“

„СВЕТИ АРХАНГЕЛИ“ – манастирска црква во кањонот на Кучевишка Река, северозападно од
с. Кучевиште (Скопско). Во основата црквата има форма на развиен триконхос. Куполата преку пандантифи лежи врз четири квадратни столбови. Градена е со делкани камени и бигорни блокови, тули и малтер. Нема посигурни историски извори што би укажале на времето на градењето на црквата. Според зачуваниот натпис над западниот влез во наосот, црквата била живописана во 1591 г., под ктиторство на презвитер Никола, во времето кога игумен на манастирот бил Стефан. Во наредната 1592 г. презвитерот Никола овозможил да се изработи големиот крст за иконостасот. Иконите за дрвениот иконостас биле работени на крајот на ⅩⅤⅠ и во првата половина на ⅩⅤⅠⅠ в. Меѓу зачуваните, особено внимание привлекува иконата Хвалите Господа, дело на непознат зограф. Врз основа на делумно зачуван натпис испишан во припратата, се дознава дека таа била живописана во 1630–31 г. Авторот на овој живопис не е познат. Во ⅩⅠⅩ в.


Хвалите Господа“, фреска во црквата


Св. Архангели“ (ⅩⅤⅠⅠ в.)

бил изработен нов дрвен иконостас, во времето кога игумен бил Мисаил.
ЛИТ.: П. Н. МилÓковÍ, Христианския древности вÍ ЗападноŸ Македонии, „Известия Русскаго Археологическаго института вÍ Константинополе“, Ⅳ-1, София, 1899, 133-134; Г. Миллет, Ецоле грецљуе данс л’арцхитецтуре Бѕзантине, Парис-лероиљ, 1916, 284;
Ж. Тати¢, Архитектонски споменици у Скопској Црној Гори. Св. Архан—ел код Кучевишта, „Гласник Скопског научног друштва, Скопље, 1926, 351-364; А. Серафимова, Кучевишки манастир „Свети Архангели“, Скопје, 2005. К. Б.