СВЕТА ТРОИЦА

СВЕТА ТРОИЦА“ – гробишна црква во с. Челопек, североисточно од Куманово. Затекната е како делумна урнатина и запуштена. Има слична основа на „Св. Петка“ во Младо Нагоричане. Нема зачуван живопис. Била најверојатно изградена меѓу ⅩⅤⅠ и ⅩⅤⅠⅠ век. ЛИТ.: Ј. Хаџи-Васиљевиђ, Кумановска об-ласт, Јужна Стара Србија, Београд, 1909, 444. М. М.