„СВЕТА БОГОРОДИЦА ПЕРИВЛЕПТОС (СВ. КЛИМЕНТ)“ – еден од најзначајните споменици на палеологовската ренесанса. Подигната е во 1294/95 г. од великиот хетеријарх Прогон Црквата „Св. Богородица Заумска“ крај Охрид (ⅩⅣ в.) Згур, зет на византискиот император Андроник Ⅱ Палеолог, и охридскиот архиепископ Макариј, чиишто имиња се забележени во зачуваниот ктиторски натпис. Првата дедикација на овој манастирски храм е на Богородица Перивлептос, меѓутоа, кон крајот на ⅩⅤ век, поради рушењето на црквите „Св. Софија“ и „Св. Пантелејмон“ (Плаошник), седиштето на Охридската архиепископија било пренесено во овој храм, кој се здобил со улога на мајка-црква во рамките на охридската диецеза. Тогаш од „Св. Пантелејмон“ во оваа црква биле пренесени и моштите на св. Климент Охридски, па затоа во народот е позната како Свети Климентова црква. Во близина на храмот постоела и архиепископска палата, каде што работел персоналот на Архиепископијата. Како прв храм на Архиепископијата тој служел с“ до нејзиното укинување во 1767 г., а потоа бил храм на митрополитите. Просторната концепција на храмот е впишан крст со купола на осмоаголен тамбур и нартекс. Кон крајот на ⅩⅣ век се доградени два параклиса на северната страна, посветени на Св. Григорие Богослов и на јужната страна од олтарот. Подоцна (во ⅩⅤⅠ век) околу главниот корпус на црквата е изграден затворен трем, на кој од западната страна е дограден отворен трем. Начинот на ѕидање и обработката на фасадите е декоративен во комбинација на камен и тула. Олтарната апсида на храмот „Св. Богородица Перивлептос“ („Св. Климент“), Охрид (1295) Стариот живопис е очистен од подоцнешни наслојки и малтерисувања од 1950 до 1961 г., главно од конзерваторската екипа на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Фрескоживописот се стекнал со светско реноме како еден од најзнаменитите ансамбли во македонската уметност и во уметноста на проторенесансата на Палеолозите. Зографите Михаил и Евтихиј повеќепати се потпишале врз фреските, а по Охрид сликале и во други храмови во Северна Македонија и во Србија, како и во регионот на Солун. Се претпоставува дека нивни дела има и во Света Гора. Нивното влијание било големо и врз следбениците што создавале подоцна во средишните делови на Балканот. Ова фрескосликарство се третира како револуционерен исчекор во историјата на уметноста во ликовните и естетските погледи на времето кога во Италија создавал Ѓото. Во црквата се насликани голем број циклуси од коишто ги спомнуваме: Детството на Богородица (Апокрифниот живот на Богородица); Успението на Богородица; еден од најголемите ансамбли на Префигурациите на Богородица во нартексот; Христовите страдања; Големите празници; сликањето на куполата со Христос Пантократор, пророците и евангелистите; Евхаристичниот циклус во олтарот; повеќе фигури на монаси, свети воини, апостоли, маченици, свети лекари, најчесто во првата зона и на столбците, како цели фигури и како допојасја. Некои од нив претставуваат и тематски целини. Овој најстар и најголем дел од живописот од 1294/95 г. содржи и донесува големи промени во уметноста на византискиот стил и на средновековната уметност во Европа: се пробива наративниот начин на прикажување на сцените, се внесуваат реалистични елементи и драматизам во прикажувањето, се продлабочува заднината и се разработува нов начин на прикажување на сликаната архитектура. Во оваа прва етапа на сликањето на Михаил и Евтихиј е присутен „структурализмот“ со елементи на геометрија, како во диспозицијата на сцените, така и во дефинирањето на постарите ликови. Исто така, се разработува и Задниот дел на црквата „Св. Богородица Перивлептос“ („Св. Климент“), Охрид (1294/95) пејзажот во сцените, преплетуван со ентериерот во кој се развива дејството. За храмот на Богородица Перивлептос, Михаил и Евтихиј сликале и икони што се распоредуваат во две фази, што би говорело за два нивни престоја во Охрид. Овој храм е прво нивно познато дело, а подоцна тие ја зографирале црквата „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане (Кумановско) и „Св. Никита“ (Скопско). Со атрибутивен метод ним им се припишува и живописот во црквата „Св. Јоаким и Ана“ (Краљева црква) во комплексот Студеница, како и на црквата „Св. Богородица Љевишка“ во Призрен. Со право се претпоставува дека тие имаат учество и во зографирањето на еден дел од црквата „Св. Апостоли“ (Пеќска патријаршија) во Пеќ. Околу 1364/5 г. се насликани три нови сликарски целини во тремот на храмот: Акатистот на Богородица (на северната страна), Страшниот суд (на јужната страна) и Небескиот двор (на западната страна). Приближно кон тоа време се зографирани и двата параклиса што се доѕидани до олтарот и тоа во времето на охридскиот архиепископ Григориј Ⅱ. Сликарите на овие ансамбли работеле под влијание на големиот зограф Јован Теоријан, којшто во Охрид формирал своја работилница и имал бројни следбеници во градот и во други делови на Македонија. Во последните години на ⅩⅤⅠ век, на западната страна од тремот, над Небескиот двор, е насликан Страшниот суд, една од најбогатите претстави на оваа тема во поствизантиската уметност. ЛИТ.: М. Злокови¢, Старе цркве у области Преспе и Охрида, Старинар, Ⅲ, Београд, 1925; Г. Бошкови¢ – К. Томовски, Средновековна архитектура во Охрид, „Зборник на трудови“, Охрид, 1961; Х. Халленслебен, Дие арцхитектурсцхицхтлицхе стеллунг дер кирцхе Св. Богородица Перивлептос (Св. Климент) ин Охрид, Зборник Посветен на Димче Коцо, кн. 6–7, Археолошки музеј на Македонија, Скопје, 1979, 297, 316, Цв. Грозданов, Прилози познавању средњевековне уметности Охрида, „ЗЛУ“, 2, Нови Сад, 1966, 197–232; истиот, Илустрација химни Богородичиног акатиста у цркви Богородице Перивлепте у Охриду, во: Зборник Светозара Радојчи¢а, Београд, 1969, 39–54; истиот, Охридско ѕидно сликарство од ⅩⅣ век, Охрид, 1980. Цв. Гр. – Кр. Т.