САРВАНОВ-МОГИЛЧЕТО, Димко Илиев

САРВАНОВ-МОГИЛЧЕТО, Димко Илиев (с. Могила, Битолско, 1879 – с. Ношпал, Битолско, март 1907) – околиски војвода на Битолската полска чета на ТМОРО. Завршил основно училиште. Неговиот постар брат бил член на ТМОРО. Кога во селото пристигнала четата на Ѓорѓи Сугарев, кон неа се приклучил и младиот Димко. Зел учество во Илинденското востание (1903) во чета со Јон Кафеанџијата (послешниот војвода Јон Димов-Пашата). По востанието бил околиски војвода на Битолската полска чета. Учествувал во повеќе борби и акции. Во соработка со Јон Димов-Пашата и Трајко Кралот (од с. Брник, Мариовско), од заседа го убил злогласниот шефкија-бег (1905), кој имал чифлик во с. Мо-гила. Тој настан бил и главниот мотив за обликувањето на неговиот лик во народната песна. Од зачуваната кореспонденција се гледа дека бил голем приврзаник на македонската национална кауза, против српската и бугарската оружена акција во Македонија. Од донатори собрал над 400 наполеони за ТМОРО. Во една борба во с. Ивени (Мариовско) бил тешко ранет и се лекувал во Битола. При една организациона обиколка бил откриен и гонет од османлиска потера, поради што се сокрил во подземна скривница. Плашејќи се да не го откријат, една жена ставила камен на малиот отвор. Останал без воздух и почнал да се задушува. Потерата заминала, но тој веќе не можел да издржи од задушување и се решил на саможртва. ЛИТ.: БоянÍ МирчевÍ, РеволÓционната деŸностÏ вÍ ДемирхисарÍ (Битолско), София, 1931; Д-р Душко Константинов – Здравко Божиновски, Тука е Македонија, книга И (Избор на објавени македонски народни песни од комитскиот циклус), Скопје, 1970, 254-263 и 549. С. Мл. Лешочкиот манастирски комплекс „Св. Атанасиј“ пред Втората светска војна