САНДАНСКИ

САНДАНСКИ – град во Пиринскиот дел на Македонија, РепубПанорама на Сандански лика Бугарија, со 26.600 ж. (2002). Се наоѓа во источниот дел на Санданската Котлина и југозападното подножје на Пирин Планина, на надморска височина од околу 220 м. Климата е променето средоземноморска со средна годишна температура од 13,9°Ц. Низ градот тече реката Санданска Бистрица на која се изградени две хидроцентрали. Во североисточниот дел на С. се наоѓаат термоминерални извори со штедрост од 20 л/сец. и температура на водата помеѓу 65 и 81°Ц. Тие овозможиле во 1981 г. С. да биде прогласен за балнеолошки центар од меѓународно значење. Од 1929 г. С. било село што го носело името Свети Врач до 1949 г., кога е преименувано во Сандански по името на големиот македонски револуционер Јане Сандански. Населението во градот особено се зголемува по 1956 г., кога во С. живееле 10.630 ж., а во 2002 г. веќе има 26.600 ж. Индустријата е водечка гранка во стопанството. Развиена е фармацевтската, електротехничката, машинската и неметалната индустрија. Во градот има гимназија, четири средни технички и четири основни училишта, општа болница, санитарно-балнеолошки комплекс, археолошки музеј, споменик на Јане Сандански и др. ЛИТ.: Енциклопедия Пирински краŸ, т. Ⅱ, Благоевград, 1999. Ал. Ст.