САБИТ, Јусуф

САБИТ, Јусуф (Ѕусуф Сабит) (Гостивар, 1957) – поет, раскажувач, новинар-дописник од Гостивар на в. „Бирлик“ и на телевизиски емисии на турски јазик на МРТ Скопје. Трудовите му се објавувани во в. „Бирлик“, во детските сп. „Севинч“, „Томурџук“ и во литературното сп. „Сеслер“. Член е на ДПМ од 1986 г. БИБ.: Животот и натаму, 1982; Дете неранимајко, 1983; Малиот Улкер, 1986; Рака за рака, 1988; Детски игри, 1991; Имеровиот свет, 1999. ЛИТ.: Македонски писатели, Ск., 2004. А. Аго Кривоклуна сабјарка