РУСЕВСКИ, Аце

РУСЕВСКИ, Аце (Куманово, 29. Ⅺ 1956) – боксер. Бил член на БК „Куманово“ во Куманово. На Републичкото боксерско првенство за младинци освоил прво место (1973). На првенствата на Југославија во Пула (1979) освоил исто така прво, а во Осиек (1973), Бања Лука (1974) и Ниш (1976) второ место. На Балканските првенства во Софија (Бугарија, 1975) и во Загреб (1976) освоил прво мес-то, како и на Медитеранските игри во Сплит (1979) и на Европското првенство во Хале (Германија, 1977). На Европското првенство за младинци во Киев (Украина, 1974) и на Олимписките игри во Монтреал (Канада, 1976) освоил трето место. Бил прв на четири меѓународни турнири (1973–1978). Со Клубот боксувал во Првата сојузна лига (1976/77). Вкупно настапил на 280 мечеви – 267 победи, 3 нерешени и 10 порази, освојувајќи 10 златни, 4 сребрени и 6 бронзени медали и други трофеи. Боксувал и како професионалец. Бил избран за најдобар спортист на Македонија (1976). ЛИТ.: Живко Лазаревски и Петар Трајковски: Кумановските олимпијци, Куманово, 1984. Светозар Аврамовски и Петар Трајковски: 40 години физичка култура во Куманово, Куманово, 1986, 52–61. Д. С.