РУДАРСТВОТО ВО РМ

РУДАРСТВОТО ВО РМ. Рударството на територијата на РМ датира уште од римско време (Ⅲ
в. н.е.), за што сведочат старите рударски работи (главно поткопи), откриени во Кратовско-злетовската област. Рударењето би-ло вршено и во турскиот период на истите овие простори. Современиот период на развојот на рударството во РМ се поврзува главно за ⅩⅩ в. Првите релевантни податоци за истражување и експлоатација на руди датираат од 1927 г. Тогаш англиската компанија Селецтион Минес Лтд. добива концесионо право на просторите на денешна Плавица и рудникот Злетово. Деталните геолошки ис
тражувања, проследени со рударски истражни работи, биле вршени во периодот од 1927 до 1939 г. Рудникот Злетово бил пуштен во пробна експлоатација во 1940 г. Од 1941 до 1945 г. од страна на германскиот окупатор од рудникот Злетово биле извадени најбогатите оловно-цинкови руди во највисоките хоризонти. По Втората светска војна рудникот Злетово бил реактивиран и во 1947 г. ставен во континуирана експлоатација. Оттогаш, па с“ до 2002 г. рудниците Злетово биле синоним на рударството во Македонија. Со средства од рудниците Злетово биле истражувани рудниците Бучим (1952 г.), Саса, Тораница, а биле помагани и истражувањата на неметалите кај Стрмош, самородниот сулфур кај Плешенци и др. Во овој период се врши експлоатација и на хромните руди во рудникот Лојане, Раброво и Радуша, како и антимоновите руди кај Лојане и Крстов Дол (сите денес се затворени). Интензитетот на геолошките истражувања, кој довел до отворање голем број рудници на метали и неметали во РМ, продолжува во почетокот на втората половина на ⅩⅩ в. Како резултат на спроведените детални геолошки истражувања во 1962 г. со експлотација започнале рудниците Саса, потоа железните рудници Дамјан, Демир Хисар, Тајмиште, а се вршени истражувања со поткопи на уранот во Злетовска Река (1962 г.), и кај Подареш. Продолжило истражувањето на бакарните руди што резултирало со отворање на рудникот Бучим (1979). Во тоа време се вршени истражувањата и почнува да работи Фе-Ни рудникот ’Ржаново. Истражувањата продолжуваат и во 80

калитетот е истражуван во 60-ти-

Карта на распространетоста на рудното богатство во РМ
тите години на минатиот век, кои резултирале со отворање на рудникот Тораница (1989). Паралелно со истражувањето и експлоатацијата на металните руди, се истражуваат и неметалните руди. Тогаш се отворени рудниците Силекс, Бентомак, Опалит, Пехчево, ОгражденСтрумица, Мермерен Комбинат–Прилеп, Силика–Гостивар, Свиларе, Кучково и др. Интензивно истражување и експлоатација од 1970 г., се забележува и на енергетските суровини во РЕК Битола и РЕК Осломеј. Во периодот по 1990 г. се развива негативен тренд и голем број рудници беа затворени (сите железни и од 2002 г. сите оловноцинкови рудници). Сите рудници се приватизирани и еден дел рестартирани како резултат на поволните цени на металите на светските берзи на металите.
ЛИТ.: Б. Филиповски, Геолошки состав и рудно богатство на СР Македонија, Скопје, 1974; Серафимовски, Т., Александров, М., Наоѓалишта и појави на олово и цинк во Република Македонија, Посебно издание бр. 4, РГФ, Штип, 1995. Т. Сер.