РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

РОМИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА – етничка заедница во РМ. Се претпоставува дека се доселени од Индија или Египет. Во Македонија се познати под разни имиња: Цигани, Ѓупци или Еѓупци. По верска припадност тие се муслимани или православни христијани. Пред Балканските војни (1912–1913) во Македонија живееле 54.557 Роми, што преставувале 2,42% од целокупното население. По поделбата на Македонија (1913) дел од ромското население продолжило да живее во Вардарскиот дел на Македонија. По Втората светска војна бројот на Ромите во Република Македонијаизнесувал 19.500 (или 1,7% од целокупното население), во 1971 – 24.505 (1,5%), 1994 – 43.707 (2,25%) и во 2002 – 53.879 (или 2,66%) од населението. Сега најмногу ги има во Скопје (23.475), Прилеп (4.433), Куманово (4.256) Битола (2.613) и Тетово (2.357). Тие се мнозинство само во една општина (шуто Оризари). Со Уставот од 1971 г. се признати како етничка група, потоа добија статус на малцинство (1991), а со Уставот од 2001 г. добија статус на етничка заедница. На Ромите во Република Македонијаим се признати етничките права и слободи. Ромскиот јазик се учи факултативно во основното образование, а на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ е отворен центар за изучување на ромскиот јазик, култура и историја. Во 1980 г. во Скопје беше објавена првата граматика на ромскиот јазик, кој е присутен на државните електронски медиуми (Македонското радио и телевизијата), на приватните тв станици (шутел и БТР) и во печатот (в. „Рома Тимес“). Тие го слават религиозниот празник Ѓурѓовден. Организирани се и во политички партии: „Партија за целосна еманципација на Ромите“ (ПЦЕР), „Обедината партија на Ромите“ (ОПР), „Партијата на демократските сили на Ромите“ (ПДСР). ЛИТ.: Васил КÍнчов, Македони®. Географи® и статистика, Софи®, 1900; Завод за статистика на СР Македонија. Попис на населението, домаќинствата и становите, 1981, Скопје, 1984; Попис на населението од 1994 г, Скопје, 1997; Попис на населението, домаќинствата и становите во Р. Македонија, Скопје, 2004; Д-р Стојан Киселиновски, Етничките промени во Македонија (1913–1995), Скопје, 2000; Д-р Стојан Киселиновски – д-р Ирена Ставови-Кавка, Малцинствата на Балканот (ⅩⅩ век), Скопје, 2004. Ст. Кис. Пелистерски росник