РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ. Непосредно по Втората светска војна, ДФЈ е една од вкупно 51 држава-основоположнички на ООН. РМ, како составен дел од ДФЈ, ФНРЈ и СФРЈ влече континуитет во смисла на активностите на претходниот федеративен субјект во рамките на Организацијата, но не и континуитет во смисла на формално членство. По распадот на СФРЈ се отвораат процедури за прием на новосоздадените држави-наследнички на СФРЈ во ООН. Одлуката за стапување во членство во ООН ја донесува Собранието на Република Македонијана 29. Ⅶ 1993 г. Врз основа на таа одлука претседателот на Република МакедонијаКиро Глигоров упатува писмо до Генералниот секретар на ООН Бутрос Гали на 30. Ⅶ 1992 г. со барање Република Македонијада биде примена во членство. Со цел да го спречи приемот, Р Грција на 25. И 1993 г. до Генералниот секретар на ОН упатува меморандум во врска со барањето на Република Македонијаза прием во членство за кое тврди дека е елемент на понатамошна дестабилизација на регионот на кус и долг рок. На 3. Ⅱ 1993 г. Република Македонијаупатува одговор на грчкиот меморандум до Генералниот секретар, во кој наведува аргументи за исполнувањето на елементите на државност и ги опишува штетите што Република Македонијаги трпи поради одолжувањето на процесот за меѓународно признавање. Генералниот секретар го доставува барањето за членство до Советот за безбедност. На 3196-тата седница Советот за безбедност го разгледува Извештајот на Комитетот за прием нови држави-членки и без гласање ја усвојува Резолуцијата 817(1993). Советот за безбедност му препорачува на Генералното собрание на ООН „државата чие барање е со-држано во документот С/25147, да биде примена во членсто на ОН и на таа држава, за сите потреби во рамките на ОН привремено да $ се обраќаме со референцата ,поранешна југословенска Република Македонија’, с“ додека не се надмине разликата што се појави околу името на државата“. На 8. Ⅳ 1993 г. Генералното собрание ја усвојува препораката на Советот за безбедност и со акламација донесува одлука за прием на Република Македонијаво членство на Организацијата. Република Македонијане поведува постапка пред Меѓународниот суд на правдата за разрешување на спорот со Р Грција околу името, ниту ја покренува процедурата за добивање советодавно мислење од Судот на прашањето дали во случајот на прием на Република Македонијаво ООН е прекршено меѓународното право и Повелбата на ООН. Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци на ООН (основан со Резолуција бр. 319/428 од 14 ⅩⅠⅠ.1950 г. на Генералното собрание на ООН) во Скопје се отвора во април 1992 г., непосредно по доаѓањето на првиот бран бегалци од РБИХ. Правна основа е Меморандумот за разбирање (8. ⅩⅠⅠ 1994). Канцеларијата $ дава поддршка на Владата на Република Македонијаи на другите надлежни институции во давањето меѓународна заштита на 65.000 (од војната во БиХ) и 350.000 (од војната во Косово) бегалци и баратели на азил во согласност со меѓународните стандарди. Во периодот 2007–2008 г. поранешниот министер за надворешни работи на Република Македонијаи екс амбасадор Срѓан Керим ја извршува функцијата претседател на 62 Генерално собрание на ООН. ЛИТ.: Игор Јанев, Легал Аспецтс оф тхе Усе оф а Провисионал Наме фор Мацедониа ин тхе Унитед Натионс Сѕстем, АЈИЛ, вол.93, 1999, пп.157; Татјана Петрусевска, Рецогнитион оф тхе Републиц оф Мацедониа: проблемс анд перспецтивес, Интернатионал Цонференце оф тхе Центер фор Студѕ анд Ресеарцх он тхе Балканс, Монтесљуиеу Университѕ – Бордеауџ Ⅳ, Тхе Сенате, Парис, 2002. Т. Петр.