РАЗЛОГ

РАЗЛОГ – град во Пиринскиот дел на Македонија (Република Бугарија) со 13.198 ж. (1997). Се наоѓа во западниот дел на Разлошката Котлина, од двете страни на Бела Река, на надморска висина од околу 830 м. Климата е променето средоземноморска со средна годишна температура од 8,3°Ц. Ис-точно од Р. се наоѓа разлошкиот јагленов басен, а во северозападниот крај на градот на реката Исток е подигната разлошката хидроцентрала. Името Разлог првпат се спомнува во една повелба на Василиј Ⅱ од 1019 г. Во времето на турското владеење Р. се води под името Мехомија. Во 1889 г. населбата е прогласена за општински центар. Кон крајот на ⅩⅠⅩ в. во Р. имало 4.970 ж., од кои 3.200 биле Македонци христијани, 1.460 Македонци муслимани, 80 Турци, 30 Власи и 200 Роми. Во текот на ⅩⅩ в. населението постојано се зголемува и нараснува од 4.168 ж. во 1920 г. на 13.198 ж. во 1997 г. Водечка гранка во економијата на градот денеска е индустријата, поПехчево во времето на Разловечкото востание себно целулозно-хартиената и маРазлог шинската индустрија. Има гимназија и три технички училишта. ЛИТ.: Енциклопедия Пирински краŸ, Ⅱ, Благоевград, 1999. Ал. Ст. РАЗЛОШКИ ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ