РАЗВОЈОТ НА СМЕТКОВОДСТВОТО

РАЗВОЈОТ НА СМЕТКОВОДСТВОТО. Од историски аспект набљудувано, развојниот подем на сметководството како систем на евиденција во Република Македонијазапочнува со донесувањето на Одлуката на АВНОЈ од 1945 г., со која во тогашната СФРЈ е воведено еднообразното книговодство за сите стопански претпријатија. Со специјалниот Закон за еднообразно книговодство од 20. Ⅺ 1946 г. беа подробно регулирани начините и методите за водење на книговодството на државните претпријатија и установи. Кон крајот на 1953 г. е донесена посебна Уредба за книговодство на стопански организации, со која беше пропишан Единствениот контен план за целото стопанство на земјата, како и четири т.н. „скратени контни планови за ма-лите претпријатија и дуќани“. Во услови на централизирана и планска економија, за сметководствениот систем во Република Македонијабеше карактеристично непостоењето на сметководствени стандарди. Со распаѓањето на СФРЈ и со осамостојувањето на Република Македонијазапочна процесот на градење на пазарната економија со јасно дефинирани титулари на сопственоста. Новиот концепт не ја остави имуна сметководствената професија. Реформите се манифестираа преку донесувањето на Законот за сметководство (1993), со кој подробно се регулираше начинот на водењето на сметководствената евиденција на стопанските субјекти. Во духот на започнатите процеси за интеграција на Република Македонијаво ЕУ, во ноември 1998 г., Меѓународните сметководствени стандарди (МСС) се преведени и прифатени од страна на Министерството за финансии, како супститут за создавање национални сметководствени стандарди. Во текот на 2002 г., со донесувањето на Законот за трговски друштва, престана да важи Законот за сметководство. Во согласност со Законот за трговски друштва, примената на МСС е задолжителна во подготвувањето на финансиските извештаи за средните и големите претпријатија. Од јануари 2005 г. во Република Македонијаво примена се и Меѓународните стандарди за финансиско известување. Со формирањето на Институтот на овластени ревизори на Република Македонијаво мај 2006 г., во согласност со Законот за ревизија од септември 2005 г., Комисија за сметководствени стандарди ги презеде ингеренциите за ажурирање, публикување и правилна имплементација на МСС и на Меѓународните стандарди за финансиско известување во сметководствената практика на РМ. ЛИТ.: Серафим Томовски, Основи на сметководство, „Гоце Делчев“, Скопје, 2002. З. Б.