ПЧИЊА

ПЧИЊА – лева притока на р. Вардар. Извира од планината Дукат во Р Србија на височина од 1.660 м, а во Вардар се влива во Таорската Клисура на височина од 191 м. Долга е 136,6 км, има вкупен пад од 1.469 м и просечен пад од 10,8 ‰. На територијата на Република Македонијанавлегува во близина на селото Пелинце. Сливот зафаќа површина од 2.844 км2 , од кои на Република Македонија$ припаѓаат 2.373 км2 или 83,4%, а на Србија 471 км2 или 16,6%. Средногодишниот протек кај водомерната станица Пелинце изнесува 3,78 м3/сец, најголеми средномесечни протеци од 8,36 м3/сец се јавуваат во април, а најмали од 1,03 м3/сец во ноември. Пред вливот во р. Вардар средногодишниот протек е 12,56 м3/сец. ЛИТ.: Хидролошка основа на водотеците од регионот 2–Осогово, РХМЗ, Скопје, 1997. Др. В. Реката Пчиња „Работническа искра“, Битола (1. И 1909) „РАБОТНИЧЕСКА ИСКРА“