ПРОСЕК

ПРОСЕК – античко и средновековно утврдување на влезот на р. Вардар во Демиркаписката Клисура. Главното утврдување се наоѓало на Јуручки Камен, на месноста Марков Град, на десниот брег на Человечка Река. Утврдувања имало и на околните карпести предели покрај р. Вардар и Человечка Река. Бил седиште на самостојните владенија на Добромир Хрс (крајот на ⅩⅠⅠ в.) и Стрез (1207–1214). ЛИТ.: Т. Томоски, Средновековни градови во Македонија меѓу реките Вардар, Брегалница и Лакавица. Македонија низ вековите, Скопје, 1999. К. Аџ. Карта на Националниот парк „Маврово“ ПРОСТОРНИ ПЛАНОВИ НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРКОВИ