ПОРОЈ-ПРОЕКТ

ПОРОЈ-ПРОЕКТ“ – специјализирана организација, формирана во 1952 г. со задача да врши проектирања од областа ерозијата и уредувањето на пороите. „Поројпроект“ постоеше до 1980 г., потоа неговата дејност околу проектирањето комплетно ја презеде Заводот за водостопанство на РМ. И. Б. „ПОРТА 3“ – специјализирано двонеделно списание за градежништво, архитектура и екологија. Првиот број излегол во декември 2004 г. Основачи се група граѓани, а издавач „Биропрес“ ДОО – Скопје. Мирче Адамчевски, еден од основачите, бил управник на друштвото и прв главен уредник на списанието. Б. П. Ѓ.