ПЛАШТЕНИЦА НА АНДРОНИК Ⅱ ПАЛЕОЛОГ

ПЛАШТЕНИЦА НА АНДРОНИК Ⅱ ПАЛЕОЛОГ (1282–1328) – црковен вез на свила, изработен во Константинопол со претстава на мртвиот Христос на саркофаг. До одарот стојат два ангела со рипиди, а на аглите се симболите на четирите евангелисти (оштетен е симболот на Марко). Ктиторскиот натпис е извезен под одарот. Плаштеницата била подарена кон крајот на ⅩⅤⅠⅠⅠ в. на црквата „Богородица Перивлепта“ („Св. Климент“) во Охрид, каде што се наоѓала с¢ до 1916 г., а денес се чува во Националниот историски музеј во Софија. ЛИТ.: Н. П. КондаковÍ, Македон˜я, Археологическое путешеств˜е, т. 4, Ст.-ПетербургÍ, 1909, 243–244; П. Јохнстоне, Тхе Бѕзантине Традитион ин Цхурцх Емброидерѕ, Лондон, 1967, 117; Бѕзантиум Фаитх анд Поњер (1261-1557), Тхе Метрополитан Мусеум оф Арт, Нењ Ѕорк, 2004, 314–315, кат. 188. Ј. Ч.-Ф. Плевел во нива со ”рж