ПЕНУШЛИСКИ, Кирил

ПЕНУШЛИСКИ, Кирил (Солун, 15. Ⅺ 1912 – Скопје 23. Ⅴ 2004) – универзитетски професор, ректор, фолклорист. Гимназија завршил во Скопје (1931), а дипломирал на Филозофскиот факултет, група Југословенска книжевност (1938). Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје со темата „Стефан Верковиќ – собирач на македонски народни умотворби“ (1956). Во времето на окупацијата активно бил вклучен во НОБ (бил претседател на илегалниот НОО одбор на Скопје), а по војната работел на повеќе важни функции – во Министерството за трговија, како генерален секретар на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, професор на Филозофскиот (подоцна Филолошки факултет), ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, член на Советот на Републиката, почесен член на ДПМ и др. Објавил шеесетина книги, во кои се обработени најважните прашања од македонскиот фолклор. Негова е заслугата што денес ги имаме објавени собраните дела на М. Цепенков и С. Верковиќ. БИБ.: Пословици, Скопје, 1954 (со Х. Поленаковиќ); Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни, И–Ⅲ, Скопје, 1958/59; Стефан И. Верковиќ, Македонски народни песни, Скопје, 1961; Народна поезија, Скопје, 1964, Народни приказни, Скопје, 1964; Црвен се бајрак развева, Скопје, 1965; Македонско народно творештво (жанровски антологии во десет книги), Скопје, 1968–1973; Марко К. Цепенков, Малешевски фолклор, Скопје, 1980; Македонски еротски приказни, Скопје, 1981; Македонски фолклор, Скопје, 1981; Гоце Делчев во фолклорот, Скопје, 1983; Марко Крале – легенда и стварност, Скопје, 1983; Македонски народни балади, Скопје, 1983; Стефан И. Верковиќ, Македонски народни умотворби, 1–5, Скопје, 1985; Болен Дојчин, Скопје, 1986; Богови и попови, Скопје, 1987; Одбрани фолклористички трудови, И–Ⅳ, Скопје, 1988; Марко К. Цепенков, Македонски народни приказни во пет книги, Скопје, 1999; Народната култура на Егејска Македонија, Скопје, 1992; Фолклорни поет-ски мотиви, Скопје, 1992; Зборникот на Панајот Ѓиноски од Галичник, Скопје, 1995; Митот и фолклорот, Скопје, 1996; Приказни за лисицата, Скопје, 1997; Македонски фолклор – Историски преглед, Скопје, 1999; Избрани дела 1–10, Скопје, 2005. М. Кит.