ПАДОТНАСФРЈ

ПАДОТНАСФРЈ. Министерскиот совет на ЕЗ, од една страна, во согласност со условите за признавање што ги предвидува меѓународното право, не го спори фактот на нивната државност. Но, од друга страна, спротивно на меѓународното право и на врз него втемелената практика, Советот формулира серија критериуми за признавање, како дополнување на оние што ги предвидува позитивното меѓународно право (Декларацијата за насоките за признавање на државите од Средна и од Источна Европа и Декларацијата за Југославија). Задоволувањето на овие критериуми го оценува Арбитражна (Бадентерова) комисија. Нејзиниот заклучок е дека тоа го сториле само РСЛ и РМ. Сепак, само РСЛ добива меѓународно признавање од државитечленки на ЕЗ. РМ не добива признавање поради противставувањето на таквиот акт од страна на РГ. Последица од ваквиот однос е пролонгираниот процес на меѓународно признавање, односно, признавање на РМ од серија држави не под нејзиното уставно име, туку под одредницата „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Следниот клучен чекор во процесот на признавање на РМ е нејзиниот прием во членство на ООН (8. Ⅳ 1993). ЛИТ.: Татјана Петрусевска, Интернатионал Рецогнитион оф тхе Нењлѕ-Цреатед Статес ат тхе Тресхолд оф тхе ЏЏИст Сентурѕ, „Балцан Форум“, вол. 1 но.1/1995, п.249–267. Т. Петр.