ПАВЛОВ, Марко

ПАВЛОВ, Марко (с. Сечиште, Тетовско, 1785 – Тетово, 17. И 1864) – лекар. Рано останал без родители и бил присвоен од италијански трговец. Во 1807/08 г. завршил медицина во Монпелје, како еден од најстарите дипломирани лекари од Македонија. Бил лекар на Наполеоновата војска (1808/09), воен лекар во Тунис и Мароко и доброволец во грчкото востание (1821). Кариерата ја продолжил во Бугарија, а во 40-тите години на ⅩⅠⅩ в. се вратил во Тетово. П. Б. Ирена Павлова де Одорико