ОНА – УЧК

ОНА (Ослободителна народна армија), УЧК/УÇК (Усхтриа Çлиримтаре Комбëтаре) – воена (оружена) формација составена од околу 7.000 лица, обучувани во кампови за обука во Албанија и на Косово, од американски и од британски САС и падобрански полковски офицери. Тесно поврзана со Ослободителната армија на Косово – УЧК. ОНА е формирана во есента на 1999 г. од поранешни регрути собрани околу Ра-муш Харадинај; во нејзиниот состав влегуваат значајна бројка поранешни борци на УЧК (Косово); командантот во ОНА Г’зим Острени е високо позициониран во Косовскиот заштитен корпус; базата на Албанците во времето на војната во 2001 г., надвор од РМ, е лоцирана во Призрен, Косово; од Косово вооружените банди, групите, како и нерегуларните сили и платеници што извршуваат операции, вршат упад на територијата на РМ; во Призрен се потпишува Призренската декларација меѓу Ахмети, Имери и Џафери). Првиот (ракетен) напад ОНА го врши на 18. И 2001 г. врз полициската станица во с. Осломеј, Кичевско; на 22. И 2001 г. го изведува првиот посериозен оружен напад со потешки последици, а во јуни 2001 г. САД ја става на црната листа. До август 2001 г. ОНА изведува сериозни воени операции, во кои се извршени и меѓународни (воени) злосторства. Прокламираната цел на ОНА е суштински преуредена РМ, како држава на два рамноправни народа. Потпишувањето на Рамковниот договор подразбира и согласност за откажување од сепаратистичките амбиции, почитување на институциите на РМ, разоружување и амнестија за сите извршени дела, освен сторените меѓународни злосторства. Операцијата на разоружувањето тече во периодот на одвивањето на НАТО мисијата „Суштинска предизвикува акција за „разоружување“ организирана од македонските медиуми и силно поддржана од македонскиот народ (7. Ⅸ 2001). Разоружувајќи се од с“ што му доаѓа на рака (стари садови, тенџериња, стапови, моркови итн.), македонскиот народ на циничен и мајтапчиски начин го изразува револтот кон т.н. разоружување (најмногу од старо и неупотребливо оружје, добар дел вистински музејски експонати) во присуство на „меѓународната заедница“, која го собира само доброволно предаденото оружје. Следува донесувањето на Законот за амнестија за кривичните дела поврзани со војната до 26. Ⅸ 2001 г. (8. Ⅲ 2002) и усвојувањето на Амандманите на Уставот од 1991 г. (16. Ⅺ 2001). Процесот на трансформацијата на ОНА, преку Координативниот совет на Албанците во Македонија, се одвива до 5.Ⅵ 2001 г., кога е формиран новиот политички субјект ДУИ, кој на изборите на 15. Ⅸ 2001 г. влегува во Собранието на РМ како најбројна албанска партија, со која победничката предизборна коалиција СДСМ-ЛДП прави владина коалиција. ИЗВ.: „Дневник“, „Утрински весник“, Скопје, 7. Ⅸ 2001. ЛИТ.: Митре Арсовски, Стојан Кузев, Ристо Дамјановски, Војната во Македонија во 2001, Скопје, 2006. Т. Петр.