НИКОДИМ

НИКОДИМ – охридски архиепископ (1452–1453). Спомнат е во еден натпис на црквата „Вси Свети“ во с. Лешани, Охридско (1452). По барање на молдавскиот војвода Александер, го ракоположил Теоксил за молдавски митрополит (1451 или 1453). ЛИТ.: В. Григорови=, О=ерк путешестви® по Европејској Турции, Ⅱ изд., Москва, 1877, 107; Иван Снегаров, Историџ на Охридската архоепископиџ, т. 2. От падането £ под турците до нејното униќожение (1394–1767), Со-фиџ, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник“ на Богословски факултет „Св. Климент Охридски“, кн. 8, Скопје, 2002, 66. С. Мл.