НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА МУЗЕЈ

НАЦИОНАЛНА УСТАНОВА МУЗЕЈ – КУМАНОВО – регионална институција за заштита на спомениците на културата и нивна музејска презентација. Основана е од Собранието на општината Куманово (1964), како специјализиран тип на музеј со историска тематика. Како резултат на потребата за заштита, проучување и комуникација на разновидното културно наследство на територијата на Куманово и Кумановско, подоцна го променува првобитниот предмет на приоритетна тематика и денес е општ музеј со задача да ги проучува археологи-Музејот во Куманово јата, етнологијата, историјата и историјата на уметноста на Куманово и Кумановско. Располага со 2 околу 690 м корисна површина. Покрај честите повремени изложби, има и постојана поставка. Во нејзиниот состав има и Уметничка галерија, Меморијална куќа „Христијан Тодоровски-Карпош“ и Меморијален центар „Пелинце“. К. Бог.