НАЦИОНАЛЕН ПАРК „ГАЛИЧИЦА“

НАЦИОНАЛЕН ПАРК „ГАЛИЧИЦА“ – прогласен во 1958 г. Се простира на планината Галичица и на островот Голем Град на површина од 22 760 ха. Геолошката подлога е тријаски варовник, а само мал дел над селата Љубаништа и Војтина е од перидотит. Нема вода. Галичица има меридијанско протегање. На јужниот дел се издига поголемиот масив Стара Галичица со највисокиот врв

Карта на националниот парк „Галичица
Магара (2.225 м). На него има два глацијални циркови, глечерска долина и морена, превојот Пољце, каде што се надоврзува Мала Галичица, која претставува широко брановидно плато на околу
1.600 м надморска висина. Има крашки полиња и долини и голем број вртачи. шумска вегетација има само на падините и тоа склопена на Стара Галичица, а деградирана на Мала Галичица. Позначајни видови се: Љуерцус тројана, Цорѕлус цолурна, Рибес мултифлорум, Вибурнум лантана, Цотонеастер марианае, а од ендемитите се значајни: Астрагалус маѕери, Непета маѕери, Цхелѕцрисум јивоинии, Цроцус цвијитцхии. Интересни се и: Ацантхолимон ецхинус, Риндера граеца, Прунус прострате, Морина персица и други грчко–малоазиски елементи.
Во врска со користењето на паркот се издвоени три зони: Строго заштитена зона, која го опфаќа островот Голем Град и клифовите крај бреговите на Охридското и Преспанското Езеро; Рекреативно–туристичката зона, која претставува појас покрај Охридското и Преспанското Езеро, и Мелиоративната зона, која се наоѓа околу селото Стење. Р. Р.