„НАПРЕД“

„НАПРЕД“ (Битола, 1908) – народен весник. Сопственик бил Тодор Стефанов, го уредувал Св. Добрев, а бил печатен во печатницата „Аквароне“ во Солун. Излегувал секој четврток и недела. Објавени се вкупно 4 броја.
ЛИТ.: Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 83. С. Мл.

„Народен билтен“, орган на КПЈ во Велес (1942)