НАИР, Јашар Наби

НАИР, Јашар Наби (Ѕаþар Наби Наѕýр) (Скопје, 1908 – Истанбул, 1981) – раскажувач, романсиер, поет. Бил службеник на „Зираат“ и „Меркез“ банка, а работел и во Институтот за турски јазик. Во 1933 г. почнува да го издава сп. „Варлик“, а во 1946 г. ја основа својата истоимена издавачка куќа и им го посветува вниманието на автори од Југославија и од македонската литература, преведуваЈашар Наир на и објавувана на турски јазик. Четири пати учествувал на Струшките вечери на поезијата. Бил голем пријател на својот роден крај. Објавени му се делата: „Кахраман“ (1929), „Една жена зборува“ (1932), „Адам и Ева“ (1935), „Децата на револуцијата“ (1936). ЛИТ.: Фахри Каја, Современа турска поезија, Скопје, 1985, 19. А. Аго