МОНЕТОКОВЕЊЕТО ВО РИМСКАТА ПРОВИНЦИЈА МАКЕДОНИЈА

МОНЕТОКОВЕЊЕТО ВО РИМСКАТА ПРОВИНЦИЈА МАКЕДОНИЈА. По поразот во битката кај Пидна во 168 г. пр.н.е. Македонија била претворена во римски протекторат. За да го разбијат военото и економското единство на Македонија Римјаните ја поделиле на четири области (мериди). Рудниците за злато и за сребро, од кои се добивал метал за ковење, биле затворени. Во 168–166 г. пр.н.е. биле ковени бронзени монети на римските управници квесторите Г. Публилиј и
Л. Фулкиниј. Во 166–165 г. пр.н.е. била искована една автономна емисија бронзени пари со претстава на маска на Силен. Во 158 г.
пр.н.е. со повторното отворање на рудниците за сребро и со дозвола на римскиот Сенат било овозможено областите да коват и сребрени монети. Првата и втората мерида ковеле тетрадрахми,

Монета на квесторот Публилиј (аверс/реверс)
додека четвртата мерида (Пелагонија) ковела само бронзени монети. По неуспешното востание во 148 г. пр.н.е. Римјаните ја претвориле Македонија во римска провинција. Биле ковани тетрадрахми со легенда ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ и ЛЕГ ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ. Во Македонија, последните сребрени пари биле ковани од римскиот управник – квесторот Ајсила (ок. 90 г.

Монета на квесторот Ајсила (аверс/реверс)
пр.н.е.). Овие пари со претстава на главата на Александар биле наменети за покривање на трошоците за активностите на Римјаните на Балканот. Во монетарниците во Тесалоника, Пела и Амфипол, во периодот 148–31 г. пр.н.е. биле ковени монети повремено и за посебни пригоди. Покрај монетите исковани во Македонија, римскиот денар заземал с¢ позначајно место во паричните трансакции. Во империјалниот период, од времето на императорот Клавдиј (од 44 г.), провинцијата Македонија ковела автономни бронзени пари во име на македонската заедница (со легенда ΚΟΙΝΟΝ ΜΑΚΕΔΟΝΩΝ). Овие пари биле

Монета на Првата македонска област (аверс/реверс)
ковани сè до владеењето на Филип И (244–249).
ЛИТ.: И. Тоуратсоглоу, „Мацедониа“, Тхе Цоинаге оф тхе Роман Њорлд ин тхе Лате Републиц,

„БАР“, 326, Оџфорд, 1987, 53–72; П. Јосифов
ски – Н. шелдаров, Римски монети – Македонија под римска власт, Нумизматичка збирка на Народна банка на Република Македонија, Скопје, 1999, 22–24. П. Ј.