МОГИЛА

МОГИЛА – село во Битолско. Се наоѓа во западниот дел на Битолско Поле, од десната страна на р. шемница, на надморска висина од околу 580 м. Преку магистралниот пат М–5 на југ е поврзано со Битола, а на север со Прилеп. Од западната страна на М. поминува железничката линија ПрилепБитола. Тоа е населено со Македонци, а нивниот број изнесува 1.526 ж. Населението се занимава со одгледување житни и индустриски култури. Селото е седиште на општина, која зафаќа површина од 25.562 ха, а има 23 населени места со 6.710 ж. Во М. постои осумгодишно училиште и здравствена станица. Ал. Ст.