МИЈАЛКОВА-ГЕОРГИЕВСКА, Александра

МИЈАЛКОВА-ГЕОРГИЕВСКА, Александра (Скопје, 24. Ⅵ 1973) – балерина. Балет учи во МБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје, во класата на Ѓ. Јовановска. Станува член на Балетот при МНТ (1991) како солистка, а потоа е и негова првенка (1998). М.-Г. е балерина со изразено сигурна класична балетска техника, со нагласен темперамент и пластичност на движењата. Престојува на специјализација во Академијата за театарски уметности во Киев (2004/2005). УЛОГ: Одилија (П. И. Чајковски, „Лебедово езеро“), Китри (Л. Минкус, „Дон Ки-хот“), Жизел (А. Адам, „Жизел“), Есмералда (Ч. Пуни, „Есмералда“) и др. Ем. Џ.