МИХАЈЛОВ, Панче (Скопје, 4. Ⅶ 1924 – Скопје, 29. Ⅺ 2003) – новинар и публицист. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Во новинарството од 1946 г. во „Млад борец“ и Радио Скопје. Главен уредник на неделникот „Спорт“. Во „Нова Македонија“ од 1951 сè до пензионирањето (1988): соработник, уредник на Скопската и Внатрешно-политичката рубрика, коментатор. Еден од основачите на „Вечер“ (1963) и негов прв главен и одговорен уредник. Дописник на „Нова Македонија“ од Софија, потоа главен и одговорен уредник на весникот и генерален директор на НИП „Нова Македонија“ (1982). Публицистички трудови: „Меѓу три огна“, „Павел шатев – живот и дело“ и „Илустрирана историја на македонскиот народ“. Учесник во НОБ од 1941 г. Б. П. Ѓ. Панчо Михајлов: зборник со револуционерни народни песни од Македонија (1924)