МИЛАДИНОВ, Димитар

МИЛАДИНОВ, Димитар (Кратово, 6. Ⅺ 1931 – Кратово, 20. Ⅱ 2002) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1978) по предметот Механика на почвите (до пензионирањето во 1996 г.), декан (1981–83). Се усовршувал на студиски престои во Франција, Полска, Јапонија и САД. Посебно поле на интерес му биле динамичките карактеристики на почвите. Активен на полето на применувачката работа, учествувал во реализацијата на значајни инженерски објекти, публикувајќи ги добиените сознанија на конгреси и симпозиуми во земјата и во странство. Љ. Т. Новица Трајковски: Димитрија Миладинов