МЕШКОВСКИ, Димче

МЕШКОВСКИ, Димче (Скопје, 31. Ⅹ 1945) – актер. Член на Драмскиот театар во Скопје (1967– 2001). Учествува во радиото и во ТВ емисии. Особено ги негува хуморот и сатирата. Улоги: Педаче („Гртко“); Дофило („Две врчви вода“); Преостанат бег („Свадба“); Феројан („Болва в уво“); Тасе свирачо („Јане Задрогаз“); Баш Челик во истоименото дело; Секула („Солунски патрдии“); Јеротие („Сомнително лице“); Тасе („Викенд на мртовци“); Мереја („Калигула“); Марко („Собирен центар“); Илија Чвор („Балкански шпион“). Р. Ст.