МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ

МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ (МОК) (Скопје, 1992– ). Собранието од 47 делегати избрало: претседател, д-р Васил Тупурковски, тројца потпретседатели, Управа од седум члена, Надзорен одбор и тројца почесни членови: Киро Глигоров, Стив Став-Од седница на Македонскиот олимписки комитет, под претседателство на В. Тупурковски ров (Канада) и Мајкл Илиќ (САД). Како гости присуствувале: Киро Глигоров, претседател на Републиката, Стојан Андов, претседател на Собранието на РМ, д-р Блаже Ристовски, потпретседател на Владата на РМ и други високи поканети. МОК е примен во Интернационалниот олимписки комитет како 195 член (1993). ЛИТ.: Душан Станимировиќ, Основање на Македонскиот олимписки комитет. Прилози кон историјата на спортот во Македонија, Скопје, 1994, 34-35. Д. С.