МАКЕДОНСКИ БРОД

МАКЕДОНСКИ БРОД – град во западниот дел на РМ со 3740 ж. (2002 г.). Се наоѓа во јужниот дел на областа Порече, од двете стра-ЛИТ.: Државен архив на Република Македонија 1951-2006, Скопје, 2006. С. Мл. Македонски Брод ни на р. Треска, на надморска височина од околу 530 м. Зафаќа површина од 170 ха. Има умереноконтинентална клима со просечна годишна температура на воздухот од 10,5°Ц и просечно годишно количество на врнежите од 670 мм. Низ населбата поминува регионалниот пат ПрилепКичево. Името е добиено по скелето (бродот) со кој на ова место населението ја поминувало реката Треска на патот ПрилепКичево. М. Б. е стара населба. Првпат се спомнува во една повелба на кралот Стефан Урош од 1300 г. Стариот дел на населбата се наоѓал на левиот брег на р. Треска. За град е прогласен во 2004 г. Тој е центар на општина, која зафаќа површина од 88.897 ха, а има 51 населено место со 7.141 ж. Во градот нема национални малцинства, 99,6% од населението се Македонци. Од индустриски објекти има текстилна фабрика и фабрика за мебел. Во с. Самоков има фабрика од областа на металната индустрија. Во М. Б. има гимназија и здравствен дом. Ал. Ст. Списанието „Македонски вести“ на Ангел Динев (1935&1936)