МАКЕДОНСКИЈ ГЛАСÎ

„МАКЕДОНСКИЈ ГЛАСÎ (ЛА ВОИЏ ДЕ ЛА МАЦÉДОИНЕ)“ (Солун, 5. И 1885 – 1887) – прв македонски весник, орган на македонската емиграција во Бугарија. Основачи и издавачи биле Димитар Ризов од Битола и Илија Ѓоргов од Велес. Објавени се вкупно 35 броја. Весникот „бара од големите сили најитно реализирање на членовите 23 и 62 од Берлинскиот договор“. Последниот број е посветен на 25-годишнината од смртта на браќата Миладиновци. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 58-60. С. Мл.