МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА

„МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ – драма од Војдан Чернодрински првпат изведена на 7. Ⅺ 1900 г. во салата на „Славјанска беседа“ во Софија, а во режија на авторот. Дваесет и петте роли ги играле дваесет и две лица, од кои осумнаесет мажи и четири жени, членови на „Македонски зговор“, кој подоцна се викал „Скрб и утеха“, за на крајот да го понесе името Столичен македонски театар. Во 1909 г. Чернодрински во Солун, Битола и Скопје прикажувал еден дел од пиесата под името „Жетва“. Во педесеттите години на минатиот век повеќето професионални театри ја прикажуваа пиесата значително изменета и дополнета. Р. Ст. „МАКЕДОНСКА МЛАДЕЖÓ (Софија, 1, 10. Х 1933 – 6. Ⅴ 1934) – месечен орган на македонската прогресивна младина во Бугарија. Се печати на бугарски јазик во 2000 примероци со јасни македонски национални позиции. Редактори и соработници: Хр. Андонов (внук од сестра на Г. Делчев), М. Сматракалев, В. Ивановски, К. Веселинов, К. Николов, А. Ча-Весникот „Македонска младеж“ (1933-1934) официјален орган на ВМРО(Об), изразител и на идеите на КП. По многу прогони и остри полемики со михајловистите од в. „Македонска борба“, до забраната излегуваат само три броја. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 334–337; Блаже Ристовски, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, Ⅲ, Скопје, 1990, 363–373. Бл. Р.