МАКЕДОНИЈА ВТОРА

МАКЕДОНИЈА ВТОРА (МАЦЕДОНИА СЕЦУНДА) – доцноантичка провинција. Северниот дел на Провинцијата Македонија во доцниот Ⅳ в. бил изделен во помала провинција Македонија Салутарис (Мацедониа Салутарис), која подоцна ќе се преименува во Мада). Таа се протегала главно на територијата на некогашните раноантички кралства Пајонија и Пелагонија, областа Девриоп, што значи во Средно Повардарје, средниот и долниот тек на р. Брегалница и средниот и северниот дел на висорамнината Пелагонија, заедно со Демир Хисар. Во науката сè уште е дискутабилно дали провинцијата се протегала во регионот на Кичево и во Полошкиот регион. Покрај главниот град Стоби, поважни градски центри биле Арг под Клепа, Пелагонија (Крушевица, Прилепско), Астрајон (Пилав Тепе, с. ©опур), Баргала (Горни Козјак) и Запара (Крупиште), Келенидин (Виница), Армонија (Калата, кај Македонска Каменица). Првпат е спомната во 482 г. (формирана во 479– 482); го опфаќала северниот дел на Македонија со центар во Стоби. Последен пат се споменува во Ⅺ Јустинијанова новела (535), не и во ЦЏЏЏИ (545), што значи била укината меѓу 535–545 г. ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Македонски градови у римско доба, Скопје, 1957; И. Микулчиќ, Антички градови во Македонија, Скопје, 1999, 207-210, 218-219, 335-350; З. Костиђ, Осврт на административне поделе Македоније крајем антике, ЗРВИ, ЏЏЏВ, Београд, 1996. Б. Петр., В. Л.