МАЗОВ КЛИМЕ, Иван

МАЗОВ КЛИМЕ, Иван (Кавадарци, 7. И 1923 – Рогашка Слатина, 17. Ⅱ 1977) – еден од првите организатори на слободното новинарство во Македонија. Носител на Партизанска споменица 1941. Завршил Висока политичка школа во Белград. Главен и одговорен уредник на првиот весник на македонски јазикМлад борец“ (22 март 1944 на планината Козјак). Долгогодишен уредник, ретувач од револуцијата во Алжир. Во шеесеттите години главен уредник на „Трудбеник“. Еден од основачите на Здружението на новинарите и на ДПМ. Автор на прозата „Додека топовите пукаат“, патописот „По трагите на Евлија Челебија“ и на четири тома театарска критика. Б. П. Ѓ. Лилјана Мазова