ЛИРИОДЕНДРОН

ЛИРИОДЕНДРОН . (Лириодендрон тулипифера Л., фам. Магнолиацеае) – високо листопадно дрво од југоисточните делови на Северна Америка. Листовите се прости, во форма на инструментот лира, на долги дршки. Цветовите се жолто-зелени, со форма и големина на лале. Плодовите се сместени во шишарковидни соплодија. Кај нас веќе масовно се сади во парковите. Има квалитетно дрво. Ал. Анд.