ЛАНТ, Хорас Греј (Хораце Г. Лунт) (Колорадо Спрингс, САД, 12. IX 1918) – член на МАНУ надвор од работниот состав, лингвист на полето на славистиката и професор емеритус на Универзитетот во Харвард, САД. Ученик на познатиот лингвист Роман Јакобсон. Докторирал на животот и делото на Борис Андреевич Пилњак. Негов главен интерес е стсл. (црсл.), протословенскиот и прасловенскиот јазик. Се занимавал и со споредбено проучување на словенските јазици, особено на рускиот, украинскиот и белорускиот. За македонистиката, но и за јазичната теорија, особено е значајна неговата Граматика на македонскиот литературен јазик (А Граммар оф тхе Мацедониан Литерарѕ Лангуаге, Скопје, 1952), која содр-Хорас Лант: Граматика на македонскиот литературен јазик (Ⅱ изд., 1999) жи и македонско-англиски речник. Таа е важна поради три работи: 1) консеквентна примена на структуралистичкиот метод при целосен опис на македонскиот јазик, 2) ја одразува најраната фаза на стабилизацијата на македонскиот литературен јазик по неговато официјално нормирање и претставува значаен документ за историјата на нашиот литературен јазик, 3) има несомнен придонес за афирмацијата на македонскиот јазик меѓу научните и студентските средини во Америка (САД и Канада), но и пошироко во Европа. БИБ.: Олд Цхурцх Славониц Граммар, Њалтер де Груѕтер, 2001; А Граммар оф тхе Мацедониан Литерарѕ Лангуаге, Скопје, 1952; Хисторѕ, натионалисм анд тхе њриттен лангуаге оф еарлѕ Рус’, „Славиц анд Еаст Еуропеан Јоурнал”, 34, 1, 1990. ЛИТ.: Велемир Гјурин, Хораце Г. Лунт, Енциклопедија Словеније, 6, Лјублјана, Младинска кнјига, 1992, 338-339; Љ. Спасов, Две американски граматики на современиот македонски јазик, МАНУ, Скопје, 2003. Љ. Сп. Љубен Лапе