ЛАЗАРОВ, Љупчо (Скопје, 24. Ⅰ 1949) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1995) по предметите од областа на техничката механика и јакоста на материјалите. Со Фулбрајтова стипендија престојувал во САД (1978/79), а докторирал во 1985 г. во Скопје. Раководел со научноистражувачки проекти. Објавил повеќе трудови во земјата и во странство. Љ. Т.