ЛАДИНСКА, Василка

ЛАДИНСКА, Василка (Куманово, 2. Х 1928) – архитект. Дипломирала на Архитектонскиот факултет при Техничката велика школа во Белград (1954). Проектирала и реализирала станбени, општествени и здравствени објекти. Учествувала на повеќе анонимни архитектонски конкурси. Се занимава и со публицистика, објавила повеќе статии во стручни списанија. Позначајни реализации: станбен блок на ул. „Македонија” во Скопје (1962); станбен објект на ул. „Илинден” во Скопје (1986 и 1987); Гимназија „Јосип Броз Тито” во Скопје (1966); Комунална банка во Куманово (1964). Кр. Т. „ЛАЗАР ПОП ТРАЈКОВ“, ИСЕЛЕНИЧКО Д’МБЕНСКО ДОБРОТВОРНО ДРУШТВО (Торонто, Канада, 1940 – ?) – друштво на Македонците по потекло од с. Д’мбени (Костурско), Егејскиот дел на Македонија. Било формирано со одделување и осамостојување од истоименото друштво во Гери, Индијана, САД. Сл. Н.-К.