КУТРИГУРИ – хунобугарски племиња на територијата меѓу Долен Днепар и Дунав ( Ⅵ в.). Предводени од Забреган, поминале преку р. Дунав и навлегле во Тракија кон Цариград, минале низ Македонија до Грција (558/ 559). Поразени, склучиле мир со Византија и се повлекле. По поразот од Утигурите, Аварите лесно ги покориле (562). ЛИТ.: В. Златарски, Известието на Ми-хаил Сирийски за преселението на Българите, Том В: Избрани произведения, София, 1972; Р. Рашев, Прабългарите през В–Ⅶ век, София, 2005. Б. Петр.