КУРТЕВ, Владимир (Плевен, 19. Х 1888 – Софија, Ⅵ 1946) – Бугарин, учесник во македонското револуционерно движење. Завршил историја и географија на Софискиот универзитет. Како ученик станал член на ВМОРО (1905), четник во четата на тиквешкиот војвода Д. Даскалов (1907), учествувал и во битката кај „Ножот”. По Првата светска војна бил професор и директор на гимназијата во ќустендил, претседател на друштвото „Илинден”, близок соработник на Ив. Михајлов, пунктов началник на ВМРО во ќустендил (1926), резервен член (1928) и член на ЦК на ВМРО (1932). Во 1946 бил уапсен од властите и стрелан. ИЗВ.: Държавен архив, КÓстендил, оп. 2, а. е. 101; Борис Ј. Николов, Вътрешна македоно-одринска револÓционна организация. Војводи и ръководители (1893–1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001. З. Тод. Салиу Куртеш