КРСТАЧКА

КРСТАЧКА -. македонско народно оро за машки состав на изведувачи во 6/8 ритам. Се игра со држење на рацете за рамо. Тоа е темпераментно оро, со чести вкрстувања на нозете, подрипливи чекори и истовремено балансирање на телото. Најчесто се игра во Кочанско. ЛИТ.: Михајло Димоски, Македонски народни ора, Скопје, 1977, 110. Ѓ. М. Ѓ. КРСТЕВ-БИРИНЧЕТО, Блаже