КОЦЕВ, Велко

КОЦЕВ, Велко (Ваташа, 1920 – Скопје, 1998) – припадник на првата генерација македонски новинари. Дипломиран агроном. Во „Нова Македонија” од 20 декември 1944 г. Долгогодишен уредник на Надворешно-политичката рубрика и коментатор сè до пензионирањето (1984). Во меѓувреме главен уредник на седмичникот „Народна кооперација” (1948), дописник на Танјуг од Танзанија (1962-63), директор за информации на Градското собрание на Скопје (во постземјотресниот период), коментатор на „Вечер” (1967). Известувал од повеќе значајни настани во светот. Б. П. Ѓ. Данило Коцевски КОЦЕВСКИ, Данило (Куманово, 2. Ⅴ 1947) – литературен критичар, есеист, прозаист, антологичар. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Работел како уредник во Македонската телевизија, потоа како главен уредник на списанието „Разгледи”. БИБ.: Да и Не, критики и есеи, Ск., 1981; За новите тенденции, критики, Ск., 1984; Еппур си моуве, критики, Ск., 1985; ќе одиме ли кај Џо, роман за деца, Ск., 1986; Одисеј, роман, Ск., 1991; Модерно и постмодерно, есеи, Ск., 1993; Магијата на Скопје, хроники, Ск., 1997; Јустинијана, роман, Ск., 1999; Нови есеи, Ск., 2001; Роман за Ное, Ск., 2003; Пиколомини, роман, Ск., 2005 и др. ЛИТ.: Доне Пановски: Предизвик за размислување во книгата „Допири…” (1990); Венко Андоновски: Од стабилен знак до дисеминација, поговор кон книгата „Антиномиите на критиката”, Мисла, 1989 г. П. Гил.