КОНСТИТУИРАЊЕТО НА Република Македонија КАКО СУБЈЕКТ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ПЛИТИКА

КОНСТИТУИРАЊЕТО НА Република Македонија КАКО СУБЈЕКТ НА МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ПЛИТИКА. Процесот на (ре)етаблирање на македонската држава како субјект на меѓународната сцена се одвива во 1991 г., во неколку сукцесивни фази. Првата фаза е завршена на 25. Ⅰ 1991 г., со едногласното усвојување на Декларацијата за сувереност на СРМ од страна на Собранието, со 120 гласа „за” и со потполн консензус на сите 17 тогаш постојни политички партии – израз на волјата на македонскиот народ да го практикува неотуѓивото и трајното право на самоопределување. Втората фаза се состои од усвојувањето на Одлуката за распишување референдум за независност и за сувереност на Република Македонија, со апсолутно мнозинство гласови „за”. Претставниците на коалицијата на албанските партии претставени во Собранието – Партијата за демократски просперитет и Народнодемократската партија гласаа „против”. На референдумот (8. IX 1991), од вкупниот број полнолетни граѓани на Република Македонија – Плакатот за Референдумот 1.495.807, изза независност (1991) легуваат 1.329.891 или 75,74% од избирачкото тело. Од бројката на излезените 1.079.308 (или 95,26%) гласаат „за”, односно Уставот на Република Македонија, изгласан со 92 гласа „за” од 120 избрани пратеници (17. XI 1991) 72,16% од вкупното гласачко тело. Оваа фаза завршува со Декларацијата за сувереност, усвоена во Собранието на Република Македонија. Процесот на вообличувањето на државноста на Република Македонија е заокружен на 17. XI 1991 г., кога првиот повеќепартиски парламент го усвојува Уставот на Република Македонија, на демократски начин, со 92 гласа „за” од вкупно 120 избрани пратеници. Веднаш потоа, за Одлуката за прогласувањето на Уставот гласаат 96 пратеника. Во усвојувањето на Уставот не учествуваат четиринаесетте пратеници од политичките партии на албанското малцинство, иако земаат учество во собраниската дебата, а претходно и во постапката на подготвувањето/формулирањето на содржината на документот во сите работни тела на Собранието. ИЗВ.: Децларатион он Совереигнитѕ оф тхе Социалист Републиц оф Мацедониа, „Балкан Форум”, Но.10/1992. ЛИТ.: Реконституирање на Република Македонија и прием во ООН и ЕУ, Република Македонија 60 години по АСНОМ, Зборник од научниот собир по повод шеесетгодишнината од АСНОМ, одржан во Скопје на 15–16 декември 2004 година, МАНУ, Скопје, 2005. Т. Петр.