КИРСАНОВА, Нина

КИРСАНОВА, Нина (Москва, 21. Ⅶ 1899 – Белград, 1989) – балерина, педагог и кореограф. Завршува кореографска и висока театарска школа во Москва, како и археологија на Филозофскиот факултет во Белград. Истакнат балетски уметник, учесничка во балетската група на Ана Павлова. Балерина и шеф на Балетот при Народното позориште во Белград (1934–1939). Од 1954 г. постојан кореограф во Балетот при МНТ во Скопје и педагог во Балетското училиште. Ја води класата на првата генерација балетски уметници во Македонија. КОРЕОГРАФИИ: „Копелија” (Л. Делиб), „Заспаната убавица” (П. И. Чајковски), „Жизел” (А. Адам), „Силфиди”, според М. Фокин (Ф. шопен), „Фантастичен дуќан” (Ⅹ. Росини) и др. Ем. Ⅹ.