КЕРИМ, Асан

КЕРИМ, Асан (Штип, 7. Ⅰ 1921 – Белград, 22. Ⅶ 1990) – учесник во работничкото и комунистичкото движење на Македонија. Член на СКОЈ од 1941, а на КПЈ од 1942 г. Во 1943 до септември 1944 г. бил мобилизиран во трудовите единици на бугарскиот окупатор (Ново Село, Струмичко, и Чучулигово во Пиринска Македонија). Во единиците на НОВ на Македонија бил од септември 1944 г. Во октомври бил во Горно Врановци – во Агитпроп при Гш на НОВ и ПОМ. По војната бил на повеќе општествено-политички функции: претседател на Собранието на градот Штип; генерален директор на Интеримпекс; член на Извршниот совет на СРМ (одговорен за економските односи со странство); пратеник во Сојузното собрание и претседател на Одборот за економски односи со странство. ИЗВ.: ДАРМ, фонд, 427, ЦК на КПМ– СКМ, партиски досиеја, бр. на досие 5746 А/ К, 95/ 9. М. Мих. Срѓан Керим КЕРИМ, Срѓан (Скопје, 12. Ⅻ 1948) – унив. професор, дипломат и бизнисмен. Професор по меѓународни економски односи на Факултетот за економски науки во Белград (1972-1991); член на Претседателството на Сојузот на младината на Југославија и претседател на Комисијата за надворешна политика (1976-1978); член на Извршниот совет и републички секретар за економски односи со странство (1986-1989); помошник-министер во Секретаријатот за надворешни односи на СФРЈ (1989-1991); вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во СР Германија (1994-2000) и нерезидентен амбасадор во Лихтенштајн и во швајцарија (1995-2000); специјален пратеник на Координаторот на Пактот за стабилност во Југоисточна Европа (1999-2000); министер за надворешни работи на РМ (2000-2001); амбасадор и постојан претставник на РМ при ООН во Њујорк (2001-2003); генерален директор на „Медиа принт Македонија“, фирма членка на медиумската групација ЊАЗ и генерален директор на медиумската групација ЊАЗ за Југоисточна Европа; претседател на 62. генерал-но собрание на ООН (2007-2008). Во еден период ја исполнува и функцијата потпретседател на Меѓународната конференција за финансирање на развојот (Монтереј, 2002), како и на Светскиот самит за оддржлив развој (Јоханесбург, 2002). Покрај тоа, член е на групата на олеснувачи на Претседателот на 56. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации со фокус на реформите на ОН, како и коорганизатор на Регионалниот форум за дијалог меѓу цивилизациите (Охрид, 2003). Автор на девет книги и на над 100 трудови од областа на меѓународните односи. БИБ.: Македонија меѓу себе и светот, Скопје, 2001; Мостови кон иднината, Скопје, 2005. ИЗВ.: Канцеларија д-р Срѓан Керим, К.у.К.. Медиен унд Ханделс ГмбХ анд ЦоКГ, Њиен, Скопје, 2007. Т. Петр. Кефалон